Политика за приватност

Овие правила за приватност се однесуваат на (1) употребата на нашата веб-страница https://tvoipari.mk/, (2) пријавувањето за известувања за новости и за нашата понуда на услуги, (3) известувања преку нашите социјални мрежи и апликации и (4) вашата употреба на која било друга сегашна или идна он-лајн и оф-лајн услуга. Овие правила за приватност се однесуваат на нашите корисници, односно физички лица кои ги користат нашите услуги (во продолжение Корисници), и на правните лица кои извршуваат стопанска дејност (во продолжение Правни лица). Ве молиме детално да ги прочитате нашите правила за приватност.

Личните информации кои ги собираме се користат за пружање и унапредување на услугите кои ги нуди веб-страната. Вашите информации за лична идентификација може да се употребат и за внатрешни деловни потреби, како што е подобрување на работењето на веб-страната, анализирање и управување со нашето работење. Ние можеме да прибираме лични податоци за идентификација од корисникот на различни начини, вклучувајќи, но не ограничувајќи се, кога Корисникот ќе ја посети нашата веб-страна, ќе се регистрира, ќе се претплати на newsletter, ќе одговори на анкета. Корисниците секогаш може да одбијат да дадат лични податоци за идентификација и тоа може да ги спречи да се вклучат на одредени активности поврзани со веб-страната.

 

Кои видови лични податоци ги собираме или добиваме од вас? 

Видот на информациите кои ги собираме за вас може да вклучува информации како што се:

  • Е-маил адреса,
  • Име и презиме,
  • Информација за вашиот компјутер или мобилен уред (пр. вашата ИП адреса и видот на пребарувачот, видот на уредот),
  • Информации за тоа како ги користите нашите услуги (пр. кои страници сте ги гледале, времето кога сте ги гледале и што сте кликнале).

 

Како ги штитиме вашите лични податоци?

Презедовме соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци и нивна заштита од неовластена или незаконска употреба или обработка, како и против случајно губење, уништување или оштетување. Овие мерки вклучуваат:

  • Начело на најмал опсег на количина на податоци и обработка
  • Запознавање на нашите вработени со важноста на доверливоста, како и одржување на приватноста и сигурноста на вашите податоци
  • Континуирано и целосно прилагодување и тестирање на нашата политика и мерки за заштита на личните податоци
  • Внимателен и одговорен избор на нашите деловни партнери
  • Употреба на сигурни сервери за чување на вашите лични податоци
  • Барање за докажување на идентитетот на секој поединец кој бара пристап до своите лични податици

Сакаме да ве предупредиме дека преносот на информации (вклучувајќи и лични податоци) преку Интернет не е секогаш целосно сигурен. Ако ни проследувате какви било информации преку Интернет (преку електронска пошта, преку нашата веб-страница или на кој било друг начин), тоа го правите секогаш на ваша лична одговорност. Не можеме да бидеме одговорни за какви било трошоци, издатоци, губење на добивка, штета на угледот или кој било друг вид на загуба или штета.

Доколку сакате да добиете повеќе информации за тоа каде и колку долго се чуваат вашите лични податоци, како и за вашето право на бришење и пренос на личните податоци, ве молиме да не контактирате на info@tvoipari.mk

 

Како ги користиме вашите лични податоци (цел на обработката)?

Веб-страната може да ги собира и користи личните податоци на Корисникот за следните цели:

  • Подобрување на пружањето услуги – ова е потребно поради нашиот законски интерес за подобро разбирање на желбите на нашите корисници, како и прилагодување на нашата веб-страница, производите и услугите на вашите потреби и желби.
  • Персонализирано корисничко искуство – он-лајн огласување врз основа на однесување на потрошувачите. На некои места од нашата веб-страна може да користиме или да им дозволиме на трети лица (партнери за огласување) собирање лични податоци кои се однесуваат на вашите активности на тие места.
  • Периодично праќање на новости и е-известувања  – доколку сте избрале опција повремено да добивате известувања за акции и други погодности, во тој случај со нас сте споделиле некој вид податоци кои можеме да ги користиме за испраќање на овие известувања.
  • Заштита на нашето работење и на нашите деловни интереси, вклучувајќи проверка на нашето претходно искуство и спречување измами.
  • Статистички и истражувачки цели – податоците ќе бидат анонимни и ќе ги користиме за законски дозволени интереси за обработка на основни податоци со цел истражување, вклучувајќи пазарно истражување, подобро разбирање на нашите корисници и прилагодување на нашите производи и услуги на вашите потреби.

 

Какви барања може да направите кога се во прашање вашите лични податоци?

Можете да барате пристап, корегирање, бришење или ограничување на личните податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Исто така, може да дадете приговор на нашето користење на вашите лични податоци или, пак, кога правиме обработка на личните податоци врз основа на ваша согласност, можете да  ја повлечете согласноста. За секое од овие барања, во секој од овие случаи ве молиме да го испратите вашето барање по електронска пошта на адресата info@tvoipari.mk.