- Општи одредби
Целта на веб-порталот Твои пари.мк е да им помогне на потрошувачите пред да се одлучат да купат. Податоците, информациите и апликациите на веб-страната Твои пари.мк достапни се за корисниците во согласност со условите и ограничувањата наведени во продолжение.
Со овие услови за користење се одредуваат општите услови за членство, начинот на регистрација, правата и обврските на членовите, правилата на приватност, заштитата на авторски и сродни права и останати важни прашања кои се од значење за функционирањето и користењето на оваа веб-страна. Веб-страната Твои пари.мк работи во рамките на системот на Здружението за информирање на граѓаните и унапредување на нивните права како потрошувачи „Твои пари“ – Скопје.
Секое користење на оваа веб-страна целосно или во кој било нејзин дел кое не е во согласност со овие Услови за користење ќе се смета за злоупотреба на услугите што ги нуди Здружението и кршење на Условите за користење.
Правилата и условите за користење ја дефинираат постапката со чие прифаќање недвосмислено се потврдува дека сте согласни со евентуални ограничувања кои веб-страната ги носи со себе. Информациите што ги користи Твои пари.мк се исклучиво од некомерцијална природа и единствена цел од нивното објавување е помош за корисниците. Твои пари.мк е веб-портал наменет за физички и правни лица и неговото користење е целосно бесплатно.
- Ограничена одговорност
Твои пари.мк нуди услуги кои се состојат од пружање информации, управување со содржината и услугите преку Интернет. Содржината на порталот не претставува официјална информација, освен ако тоа не е посебно назначено.
Корисниците ја користат ја веб-страната Твои пари.мк на своја одговорност.
Твои пари.мк не гарантира непрекинатост во користењето на веб-страната, ниту на кој било начин е одговорна за:
- евентуална привремена недостапност, делумно или целосно нефункционирање или погрешно функционирање, како ни за последиците кои може да настанат поради користење на оваа страна.
- Каква било штета која ја трпи корисникот поради користење на порталот, а која настанала поради линкови или реклами на порталот.
- Технички проблеми кои се последица на проблеми во пружањето услуги преку електронска комуникација, а кои може да предизвикаат задоцнета и/или погрешна обработка на податоците.
- Неправилно функционирање или прекин во работата на веб-страната, што е предизвикано директно или индиректно од природни сили или други причини кои се надвор од разумна моќ на контрола, во кои спаѓаат: проблеми со функционирањето на веб-страната, дефекти на компјутерската опрема, проблеми во функционирањето на телекомуникациската опрема, прекин на електрична енергија, штрајкови, немири, наредби од државни или други органи, елементарни непогоди, епидемии.
- Цени
Цените се ориентациони и од информативен карактер. Цените се изразени во денари (МКД) со пресметан ДДВ.
Твои пари.мк не е одговорна за точноста на податоците добиени од други субјекти. Твои пари.мк не одговара за нанесена штета на корисниците при употреба на неточни податоци.
Твои пари.мк го задржува правото да не ги ажурира цените секојдневно и во тој случај ќе ги објави цените од последниот ден кога имала достапни цени. Во случај да дојде до оваа ситуација, Твои пари.мк ќе го наведе датумот од кој се достапни цените.
Грешки во цените или погрешни информации за расположивоста на артиклите ќе бидат отстранети веднаш штом бидат откриени. Сите грешки што ќе се појават се појавиле несакајќи и немаат за цел да фаворизираат ниту да нанесат штета на кој било маркет.
Доколку забележите некоја грешка, може да не известите на info@tvoipari.mk со цел да направиме се што е во наша моќ за да ја исправиме грешката во најкраток можен рок.
- Користење податоци и информации од веб-порталот
Ниту еден податок или информација од веб-порталот не смее да се користи во комерцијални цели без дозвола на Твои пари.мк. Не е дозволено прибирање податоци и информации од веб-порталот во која било јавна или приватна база на податоци.
Не е дозволено објавување во кој било облик освен ако за податоците не е наведено дека може да се објавуваат.