Банка (Bank) – Правно лице основано согласно со одредбите со Законот за банки, со добиена дозвола од гувернерот на Народната банка, чија основна дејност е прибирање депозити и други повратни извори на средства од јавноста и одобрување кредити во свое име и за своја сметка.
Банкомат (Аutomated Тeller Мachine – ATM) – Електромеханички уред коjшто му овозможува на овластениот имател на сметката, користејќи машински вчитлива пластична картичка, да повлече готовина или да обезбеди пристап кон други услуги во зависност од типот на банкоматот (проверка на салдото на картичката, трансфер на средства или депонирање готовина). Најчесто е поставен на прометни места или во експозитури на банки и на корисникот на платежната картичка му се овозможува да подигне готовина 24 часа дневно.
Биланс на состојба (Balance sheet) – Пропишан образец во кој се искажува состојба на средствата, капиталот и обврските, утврдени на крајот на периодот за кој тој се составува.