Почнувајќи од 1.7.2022 година Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските и девизните депозити со фиксна каматна стапка на физички лица и на депозитите со променлива каматна стапка за физички лица. Притоа, фиксните каматни стапки на денарските и девизните депозити со рок на орочување до 36 месеци, се зголемуваат до 0,2 п.п.
Детален преглед на актуелните каматни стапки на следниот линк
Промените на каматните стапки се применуваат за сите нови орочени депозити и за постоечки депозити по истекот на рокот за орочување, односно на денот на реорочување на секој поединечен влог, почнувајќи од 1.7.2022 година.