Прокредит банка ви овозможува промотивна фиксна каматна стапка од 2% за орочен денарски депозит на 2 години. Новите и постојните клиенти на Банката аплицираат комплетно дигитално, без потреба од посета на експозитура, преку услугата е-банкарство.
Промотивниот депозит е со следниве услови:
- Фиксна, загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување;
- Исплата на камата на месечно ниво;
- Можност за предвремено разорочување на средствата без пенали, со 0,01% камата по видување;
- Можност за онлајн орочување на депозитот, без посета во филијала.
Повеќе информации за промотивната фиксна каматна стапка за депозити секогаш може да дознаете на линкот, на мејл: mailmkd.info@procredit-group.com или со повик на: 02/ 2 446 000.