Периодов би ги искористиле сите можни трикови за да заштедиме на бензин и струја, па ако тоа значи дека не мора да готвиме и да се возиме низ град во потрага по храна – прашањето би било: „Како одма да го изведам тоа?“
КликниЈади заедно со партнерите VISA имаат кампања која е „олеснување“ за домашниот буџет.
Потребна е VISA Premium картичка од било која банка (која ќе ја зачуваш на твојот профил на КликниЈади) и детално прелистување на целото (прилично големо) мени на www.Kliknijadi.mk
Ќе најдеш храна која повеќе ќе те чини да ја направиш дома, отколку да ти ја донесат до дома, без да платиш ништо за услугата и доставата, а ќе добиеш и 20% поевтина сметка.
Звучи како идеално сценарио за сите канцелариски појадоци кога колегите се неодлучни, а најмногу се исплати за големите семејни (неделни) ручеци кога секој сака различна порција, различно мезе, различна салата… Конечно ќе можеш да им го погодиш вкусот на сите, а да платиш помалку!
До крајот на годината, 300+ ресторани се задолжени како „лични готвачи“ – твое е само да посакаш и да направиш четири кликнувања: Ресторан – Храна – Во кошничка – Нарачај.