За што побезгрижно лето и патување, Кроација осигурување – неживот нуди попуст од 30% на полисата за домаќинско осигурување при секоја купена полиса за патничко осигурување. Акцијата трае во текот на летните месеци, односно до 30.9.2022 година.
За што повеќе можности и поволности, Кроација домаќинското осигурување го има вклучено и во сите КРО пакети (CRO пакети) со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај пакетите КРО СТАРТ, КРО СМАРТ и КРО СУПЕРИОР (CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR) е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да си најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив се опфатени домаќинското осигурување, осигурувањето патнички возила, осигурување од незгода, како и здравственото осигурување.
Кроација осигурување – неживот озвоможува пакети за домаќинско осигурување, кои може да се скројат според вашите потреби и буџет. Но важно е дека основниот пакет опфаќа широк обем на ризици, и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводните и канализациските инсталации и уреди и цевки од топловодните инсталации, удар на сопственото моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.
Доколку, пак, имате потреба од дополнително осигурување, Кроација нуди стандарден пакет во кој, освен ризиците од основниот пакет, се вклучени и следниве осигурени ризици: излевање вода од водоводните цевки и од канализациските инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување земја, кршење стакло на прозорците и на вратите на станбениот објект.
Најмногу ризици се вклучени во третиот пакет домаќинско осигурување, а тоа е премиум пакетот. Овој пакет, освен ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум двапати за времетраење на полисата.