Атрактивниот Потрошувачки кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка доби нов промотивен период за уште поголемо задоволство на клиентите. За ненаменскиот потрошувачки кредит со рок на отплата до 120 месеци може да се аплицира до 30.09.2022 година.
Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка дефинитивно го освои пазарот со најниските каматни стапки, 4,5 % фиксна за првите три години и 5,5 % променлива за останатиот период на отплата, максималниот износ до 30.000 евра, со најдолгиот рок на отплата до 120 месеци во промотивниот период и со вклучено осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.
Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка ќе ги задоволи вашите желби и потреби како што вам најмногу ви одговара и, што е најважно, ќе ви овозможи помало месечно оптоварување на семејниот буџет.
Повеќе информации за условите, калкулаторот за рата и потребните документи за аплицирање ви се достапни на следниот линк.