Шпаркасе банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.
Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите што ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај Депозит плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отворање на овој депозит е 2.000 денари.
Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20 септември.