Diners Club Македонија од 01.08.2022 година изврши промена на тарифите на своите услуги Classic, Advantage, Sistina и Business. Согласно новиот Тарифник, членарината за основна картичка изнесува од 150 денари до 500 денари месечно за соодветната услуга, а членарината за дополнителна картичка се движи од 75 до 300 денари месечно.
Провизијата за подигнување готовина со Diners картичка на банкомати на Халк банка, НЛБ банка, УНИ банка и на Стопанска банка Битола изнесува 6% од износот на трансакцијата или минимум 200 денари. Надоместокот за проверка на состојба на Diners картичка на банкомати на овие банки изнесува 20 денари. Провизијата, пак, за подигнување готовина на банкомати со знакот Diners Club International или Pulse во странство изнесува 6% или минимум 3 евра по трансакција, плус трошок за сопственикот на банкоматот.
За плаќање на рати, надоместокот за користење на оваа услуга во Македонија изнесува 2% еднократно од износот на трансакцијата плус до 1% месечна провизија, а надоместокот за плаќање на рати во странство изнесува 3% еднократно плус до 1% месечна провизија.
Останатите надоместоци за користење на услугите на Diners Club Македонија се достапни на веб страницата https://diners.mk/tarifnik/.