Авиобилети од Wizz Air на 15.08 достапни со попуст од 20%

Авиокомпанијата Wizz Air на 15.08. објави попуст од 20% на авиобилетите за летови што ќе се реализираат во септември и октомври годинава.
Попустот важи за одредени летови, но пребарувањето на Твоипари.мк покажа дека од и до Скопје се нудат намалени цени на авиобилети до речиси сите дестинации на кои лета Wizz Air од земјава.

Обезбедете си евтин лет доколку сакате да патувате во септември и октомври и не заборавајте да проверите и дали ви е потребна Wizz Discount Club картичка, која ви обезбедува дополнителни попусти за идни патувања.