Со најновата понуда Diners club картичката ти овозможува купување на 12 рати без камата во продавниците на Anhoch, Техномаркет, Просветно дело, Офис плус, Алби, Литература.мк, Тримакс, Штедлер, Клевер мк, Уни офис, House of Samsonite, Карписа, Hоuse of Books&Games, Sigma.
Овие промоции, кои траат до 30 септември, опфаќаат широка понуда на производи, како што се лаптопи, таблети, мобилни телефони, gaming опрема, апарати за греење и ладење, прочистувачи на воздух, школски ранци, учебници, тетратки, школски прибор и друго.
Не заборавајте дека и кога купувате на рати без камата сепак имате дополнителен трошок, покрај основната цена на производот, а тоа е еднократниот надоместок за користење на услугата плаќање на рати што го наплаќа Diners club, а кој согласно актуелниот тарифник изнесува 2% од износот на трансакцијата.