3,3% фиксна каматна стапка – Промотивен денарски депозит од Стопанска банка а.д. Битола

Стопанска банка а.д. Битола, промотивно, за своите клиенти го воведува новиот денарски депозит со фиксна каматна стапка 3,3%.

Рокот на орочување на средствата е 60 месеци, а исплатата на камата се врши по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатена камата.

Новиот денарски депозит на Стопанска банка а.д. Битола на клиентите им овозможува да направат штеден план на подолг рок со атрактивната фиксна каматна стапка 3,3%.