Направи паметен избор и заштеди значителен износ пари при купување основни прехранбени производи. Како е можно тоа?
Следи ги цените и анализите на Твои пари.мк и дознај во кој маркет е поевтино да се пазари. Твои пари.мк ги следи и споредува цените на основните прехранбени производи во 4 маркети: Рамстор, Рептил, Тинекс и Веро.
Најновата анализа покажува дека постојат големи разлики во цените на 7 прехранбени производи. Цените се речиси двојно повисоки во еден маркет во споредба со друг.
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА ВО ЦЕНИТЕ?
Маслиново масло 1 л. |
499 ден. Тинекс |
749 ден. Рамстор |
Вегета зачин 500 гр. |
169 ден. Рептил |
191 ден. Тинекс |
Ориз Сончева долина 900 гр. |
82 ден. Рептил |
103 ден. Рамстор |
Мајонез Полимарк 650 мл. |
125 ден. Тинекс |
162 ден. Веро |
Корнишони Мама’с 550 гр. |
99 ден. Рамстор |
140 ден. Тинекс |
Ајвар Мама’с 550 гр. |
319 ден. Рептил |
361 ден. Тинекс |
Туна Рио маре 160 гр. |
122 ден. Тинекс |
239 ден. Рамстор |
Кога се анализираат цените на оваа категорија прехранбени производи, може да се забележи дека има поевтинување на маслото за јадење и на тестенините.
Но, зголемени се цените на оризот, мајонезот, кечапот, маслинките, корнишоните, ајварот.
Цените на производите се објавени во Ценотека.