А1 Македонија најавува нова промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени.
Со тарифниот модел А1 Net M + TV M во А1 Combo пакет за само 799 денари месечно корисниците ќе добијат брз интернет и пристап до А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности како: телевизија на сите уреди каде и да сте, можност за снимање, пребарување и премотување со најдобар квалитет на слика.
За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk.