Орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето во Шпаркасе банка

Орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето понуди Шпаркасе банка во промотивниот период до 31 март 2023 година. Орочениот Депозит Плус е наменет за штедење во денари и евра.

“Депозит плус во МКД “ е со рок на орочување од 13, 24 или 36 месеци. Депонентите кои ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,5% фиксна каматна стапка за денарско штедење на 13 месеци, 3,0% фиксна каматна стапка за 24 месеци, односно 3,3% за 36 месеци.

“Депозит плус во ЕУР “ е со рок на орочување на 12 или 25 месеци. Депонентите кои ќе отворат традиционален депозит во евра добиваат 1,5% фиксна каматна стапка за штедење на 12 месеци, односно 2,0% за 25 месеци.

Минимален износ на почетен влог е 2.000 денари за Депозит Плус во МКД и 100 евра за Депозит Плус во ЕУР.