Орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето понуди Шпаркасе банка во промотивниот период до 31 март 2023 година. Орочениот Депозит Плус е наменет за штедење во денари и евра.
“Депозит плус во МКД “ е со рок на орочување од 13, 24 или 36 месеци. Депонентите кои ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,5% фиксна каматна стапка за денарско штедење на 13 месеци, 3,0% фиксна каматна стапка за 24 месеци, односно 3,3% за 36 месеци.
“Депозит плус во ЕУР “ е со рок на орочување на 12 или 25 месеци. Депонентите кои ќе отворат традиционален депозит во евра добиваат 1,5% фиксна каматна стапка за штедење на 12 месеци, односно 2,0% за 25 месеци.
Минимален износ на почетен влог е 2.000 денари за Депозит Плус во МКД и 100 евра за Депозит Плус во ЕУР.