Во која банка е најисплатливо да се штеди?

Големи разлики постојат кај каматните стапки за отрочено штедење во македонските банки. На почетокот од новата година, забележително е зголемување на каматните стапки на депозитите кај сите банки, но евидентни се и големи разлики во висината на каматните стапки, што го прави штедењето вистински предизвик за граѓаните.

Разликите кај каматните стапки се движат и до 2 процентни поени и затоа е корисно и потребно добро да се информирате каде ви е најисплатливо да штедите за да донесете мудра одлука.

Тргнувајќи од актуелната состојба, Твои пари.мк пресмета во која банка е најисплатливо да се штеди во денари со рок на орочување од една година. За пример зедовме депозит од 30.000 денари и пресметавме колкав износ на камата ќе добиете за орочениот депозит.

Што покажа нашата анализа? Најголемиот износ на камата што ќе го добиете за орочување на 30.000 денари на 12 месеци изнесува 750 денари, а најмалиот 120 денари!

Еве што покажа нашата анализа:

Уни банка – Депозит фикс

Износ на камата: 750 денари

Висина на годишна к.с.: 2,50%

Исплата на камата: по истек на орочување

 

Централно кооперативна банка – Рентен депозит

Износ на камата: 720 денари

Висина на годишна к.с.: 2,40%

Исплата на камата: месечно

 

Стопанска банка Битола – Депозит со антиципативна исплата на камата

Износ на камата: 690 денари

Висина на годишна к.с.: 2,30%

Исплата на камата: на денот на уплата на влогот

 

Прокредит банка – Орочен депозит

Износ на камата: 600 денари

Висина на годишна к.с.: 2,00%

Исплата на камата: месечно

 

Халкбанка банка – Мој депозит

Износ на камата: 300 денари

Висина на годишна к.с.: 1,00%

Исплата на камата: по истек на орочување или месечно

 

Шпаркасе банка – Депозит прогрес

Износ на камата: 270 денари

Висина на годишна к.с.: 0,90%

Исплата на камата: по истек на орочување или квартално

 

ТТК банка – Стандарден депозит

Износ на камата: 165 денари

Висина на годишна к.с.: 0,55%

Исплата на камата: месечно

 

Стопанска банка Скопје – Мој план

Износ на камата: 150 денари

Висина на годишна к.с.: 0,50%

Исплата на камата: по истек на орочување

 

Комерцијална банка – Стандардно орочено штедење

Износ на камата: 120 денари

Висина на годишна к.с.: 0,40%

Исплата на камата: по истек на орочување

 

Повеќето банки дозволуваат предвремено разорочување на депозитот, а некои од нив овозможуваат и дополнителна уплата на средства. Интересно е дека во НЛБ банка каматната стапка на стандардо орочување денари на 12 месеци изнесува 0%, а Капитал банка прифаќа орочување само на период подолг од 3 години.