Како банка чија корпоративна стратегија се заснова на поддршка на младите луѓе што се иднината на нашата земја, Шпаркасе Банка АД Скопје креираше нов бесплатен пакет за сите млади и амбициозни луѓе што имаат потреба од вистински финансиски партнер.
Бесплатниот пакет за млади од 15 до 25 години вклучува можност за отворање трансакциска сметка без провизија за нејзино одржување, Visa дебитна картичка и S-banka мобилно банкарство без надоместок, дополнителни можности за кредит за школување, како и многубројни попусти од програмата за млади Vibe on, кои можат да се прочитаат на следниот ЛИНК.
Во рамките на својата стратегија, Шпаркасе Банка продолжува да работи на зајакнување на пeрцепцијата на институција со урбан имиџ, која е поддршка на младите луѓе и продолжува да развива производи што во целост ги следат нивните актуелни финансиски потреби. Ги охрабруваме сите млади што посакуваат да направат мудар избор за банка, да ја одберат Шпаркасе Банка, дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи повеќе од 200 години традиција во штедење.