Осигурувањето на семејната куќа или станот ги покрива ризиците кои можат да го уништат сето она што вредно сте го создавале со години. Санирањето на последиците од ваквите непредвидливи настани и обновувањето чини многу и трае долго, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени.
Токму поради тоа, осигурителната заштита на домаќинството претставува една од најумните и најважни животни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот. Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Она што треба да се земе в предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета – франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.
Кроација Осигурување во својата понуда вклучи три осигурителни пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Поволноста кај CRO пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.
CRO пакетите
вклучуваат домаќинско осигурување, доброволно здравствено осигурување, каско осигурување на патнички автомобил и осигурување од незгода. Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите – домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. Пакетот CRO SMART вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE коe стопроцентно ги покрива трошоците за различни здравствени услуги во приватни здравствени установи, во зависност од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак, вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а осигурувањето од последици од незгода е гратис.