Промо депозит од Халк банка со каматна стапка од 3,5%

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк има минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра и нуди фиксна каматна стапка од 2,60%, 3,10%  и 3,50% за 13, 25 и 36 месеци соодветно за штедење во денари, односно 1,60%, 2,10% и 2,60% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 36 месеци и како промо производ, не постои можност за  дополнителни уплати и повлекувања на средства, додека пак каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на мај оваа година.