Кои се петте грешки поради кои не можете да заштедите пари?

Се обидувате да заштедите пари, но не ви успева? Можеби правите некои од овие пет грешки, кои ви ја уништуваат заштедата.

Штедењето пари е активност која бара високо ниво на дисциплина, но и тоа не мора секогаш да биде доволно за да ја постигнете зацртаната цел. Дисциплината е една работа, а грешките во проценката се нешто друго.

На почетокот од годината сигурно тргнувате со одредени зацртани цели. Доколку штедењето е една од вашите цели, добро е да ги знаете петте грешки кои може да го уништат секој ваш обид за штедење.

1. Не сте почнале да штедите на време

Доколку имате добра камата за штедење во банка, и скромен износ може значително да порасне доколку штедите на подолг период. На пример, доколку почнете да штедите на 25 години и орочите 100 евра, до 65-та година овој износ може да порасне и до 100.000 евра ако каматната стапка се движи над 2,5%. Од друга страна, ако истиот износ го орочите на 35 години, тогаш на 65 години ќе имате двојно помала заштеда.

2. Жртва на животниот стил

Инфлација на животниот стил е ситуација во која луѓето почнуваат да го сметаат за неопходно едно нешто што претходно било само луксуз. Социјалните мрежи вршат притисок и создаваат желба да бидете во чекор со другите. Младите со потценување гледаат на фактот дека прекумерната потрошувачка може сериозно да ги наруши другите финансиски планови.

3. Не размислувате за подалечна иднина

Младите кои штедат често не размислуваат за пензија затоа што им се чини многу далечна. Пензијата на млади години може да личи дека е многу далеку, но тоа не значи дека не треба да се размислува да се тргнат пари за стари денови.

4. Предолго држите „нестабилен имот“

Криптовалути, NFT, SPAC – се ова може да личи на атрактивна варијанта за вложување. Но, тоа сериозно може да ја загрози вашата финансиска слика. Некои финансиски планери тоа го нарекуваат „синдром на сјајни предмети“. Вложувањата со висок ризик и волатилност стануваат многу привлечни за младите инвеститори кои сакаат брзо да создадат богатство и затоа долгорочните базични методи за богатење, како акциите, изгледаат досадни. Но, многу е опасно да се вложат сите пари во високоризични средства, како што се NFT или криптовалутите.

5. Не планирате за „црни денови“

Средствата за итни случаи може да ве спасат ако изгубите работа, станете премногу болни или имате други непланирани сметки за плаќање. Но, младите некогаш може да бидат премногу самоуверени и да ги игнорираат овие ризици.