15% попуст на сите производи во продавницата на ДМ во Skopje City Mall

По повод реотворањето на новата дрогерија на ДМ во Skopje City Mall,  од 23 до 26 февруари сите производи ќе бидат на попусти од 15%. Попустот важи и за производите се веќе намалени цени.

Старо-новата реновирана дрогерија се простира на површина од 330,82 m2 продажен простор, 63,79 m2 магацински простор и 19,22 m2 помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри искуството за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.