A1 Македонија најавува уште една атрактивна понуда во мобилната припејд телефонија со уште повеќе мобилен интернет.
Новите При-пејд корисници со активирање на SIM-картичка за 299 денари добиваат вклучени 100GB интернет, или со активирање на А1 Duo пакетот за 399 денари со две SIM-картички, секоја со вклучени 100GB интернет. Вклучениот интернет може да го користат во првите 2 недели од активирањето на SIM-картичките.
Постојните А1 Припејд корисници имаат можност да го активираат новиот месечен пакет со 100GB интернет за само 299 ден. преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака на бројот 1410 со текст 100GB. Пакетот со 100GB интернет ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.
Дополнително, новите A1 Припејд корисници добиваат можност за неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата како и 50 денари кредит што можат да го користат според своите потреби.
По истекот на бесплатниот период, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 100GB интернет за 299 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.