Освој Tesla со Mastercard и Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички.

Од 1 јули до 31 октомври со користење на картичката за плаќање во трговија секој клиент станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

12 Garmin паметни часовници

4 х ваучери во вредност од 50.000 денари

4 х ваучери во вредност од 100.000 денари и

ГЛАВНАТА НАГРАДА – автомобил TESLA model 3

Согласно правилата за наградната игра, различни видови на трансакции со платежните картички носат различни шанси за добивка за корисниците:

– за секоја трансакција во трговија – 1 право на учество во извлекувањата односно, 1 шанса за добивка

– за секоја трансакција на рата – двојна шанса за добивка

– за секоја трансакција на интернет – тројна шанса за добивка

– за секоја трансакција направена со Google Pay™ шансата за добивка се зголемува до 5 пати.

Банката ќе спроведе 4 месечни извлекувања и со последното, четвртото ќе го извлече и среќниот добитник на главната награда. Сите добитници ќе бидат објавувани во дневниот весник „Вечер“ и на веб-страницата на Банката согласно роковите наведени во правилата.

Ако просечно месечно клиентот прави 20 трансакции со својата платежна картичка, во период од 4 месеци ќе генерира најмалку 80 шанси за добивка. Google Wallet и Google Pay трансакциите носат најголеми шанси за добивка, односно секоја Google Pay трансакција носи 5 учества во извлекувањата, а соодветно поголема вредност имаат и трансакциите направени кај e-commerce трговци и плаќањето на рати со кредитните картички.

Правилата за наградната игра се достапни на www.stb.com.mk