Граѓаните кои имаат повеќе кредитни обврски на различни места, како што се картички, потрошувачки кредити и слично, можат да ги затворат и да ги спојат во еден потрошувачки кредит на Капитал Банка.
Капитал Банка понуди Boom потрошувачки кредит, кој служи за оваа намена. Банката за Boom потрошувачкиот кредит дава фиксна каматна стапка од 0 проценти за првите 6 месеци, додека, пак, во наредните 18 месеци каматната стапка е исто така фиксна и изнесува 2,9 проценти.
За преостанатиот период на отплата на кредитот каматната стапка е 7,77 проценти променлива, соопштуваат од банката.
Овој Boom потрошувачки кредит се одобрува на максимален износ од 900.000 денари, а неговиот рок на отплата е 10 години.
Повеќе информации за овој потрошувачки кредит можете да најдете на https://shorturl.at/rCGSU, во најблиската експозитура или на телефонскиот број 02/ 3102-528.