Премиум потрошувачки кредит на Капитал банка со 0% фиксна каматна стапка за првите 6 месеци

За реновирање на домот, набавка на производи за домаќинство, нов автомобил, школување на децата, или, пак, некој екслузивен одмор може да се искористи премиум потрошувачкиот кредит на Капитал Банка.

Банката со овој кредит нуди 0% каматна стапка, која е фиксна за првите шест месеци. Во наредните 18 месеци, пак, каматната стапка е исто така фиксна и изнесува 2,9 проценти, додека за преостанатиот период на отплата каматата е променлива, и изнесува 4,77 проценти.

Рокот на отплата на овие премиум потрошувачки кредити на Капитал Банка е до 10 години.

Максималниот износ, пак, што се одобрува за премиум потрошувачкиот кредит е 1.200.000 денари, што е рамно на безмалку 20 илјади евра.

Повеќе информации за премиум потрошувачкиот кредит можете да видите на https://shorturl.at/EIKO4, во најблиската експозитура или на телефонскиот број 02/ 3102-528.