Штедете со повисоките каматни стапки во Комерцијална банка до 30.11.2023 година. А, сега ви нудиме и поголеми фиксни каматни стапки на депозитите орочени на 12 месеци. Фиксната каматна стапки за денарски депозит орочен на 12 месеци се зголемува на 1,50 %, а на девизниот депозит во евра на 1,00 %.
Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30.11.2023 година за штедење со зголемени фиксни каматни стапки. Со тоа, за штедење во денари може да си обезбедите фиксна камата до 3,10 %, а за депозитите во евра до 2,10 %. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови, пак, достигнуваат и до 4,70 % за денарски и до 3,60 % за депозити во евра.
Каматните стапки за штедење во Комерцијална банка растат како што расте вашата заштеда:
- За денарски депозити орочени на 12 месеци каматни стапки од 1,75 % до 3,10 %, во зависност од висината на орочениот износ.
- За депозити во евра орочени на 12 месеци каматни стапки од 1,15 % до 2,50 %, во зависност од висината на орочениот износ.
- За денарски депозити орочени на 24 месеци каматни стапки од 2,30 % до 3,90 %, во зависност од висината на орочениот износ.
- За депозити во евра орочени на 24 месеци каматни стапки од 1,50 % до 3,00 %, во зависност од висината на орочениот износ.
- За денарски депозити орочени на 36 месеци каматни стапки од 3,10 % до 4,70 %, во зависност од висината на орочениот износ.
- За депозити во евра орочени на 36 месеци каматни стапки од 2,10 % до 3,60 %, во зависност од висината на орочениот износ.
Штедењето во Комерцијална банка носи и бројни други бенефиции – онлајн орочување на веќе отворени штедни депозити за активни корисници на Интернет банка, штедење без книшка, односно со целосно дигитална евиденција преку Интернет банка и мБанка, како и поддршка и совети од вработените за најдобри одлуки на клиентите.
Новите каматни стапки се достапни на следните линкови: денарски и девизни.
За сите подетални информации на располагање ви стојат и нашите тимови во вашата најблиска експозитура или на е-пошта: stedenje@kb.mk.