Нова Visa картичка на Стопанска банка АД Битола со 0% каматна стапка до крајот на годината

VISA Classic е новата бесконтактна картичка од понудата на Стопанска банка Битола. За сите што ќе аплицираат и ќе ја добијат оваа картичка, до последниот ден на годинава ќе важи фиксната каматна стапка од 0 (нула) проценти. Стапката нема да се менува до крајот на 2024 година, утврдена е на 7,5 проценти. Тогаш и ќе заврши фиксниот период, односно од први јануари 2025 ќе се пресметува променлива камата.

Освен тоа, за нејзиното користење при плаќањата во трговската мрежа – дома и во странство, не се наплатува провизија. За износи до 2.500 денари не е потребно да се внесе PIN кодот. Исто така, овозможува и плаќање на рати.

Поседувањето на Visa Classic значи повлекување готовина од сите банки и банкомати во државата и во странство. Секаде каде што е го има знакот на VISA, со исклучок на земјите со висок ризик, како што се Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана, Бразил, Камерун…

За оваа картичка можат да аплицираат клиентите на СТББТ:

вработените на неопределено време во јавната администрација или во други претпријатија каде што исплатата на плата е редовна во последните три месеци; лицата со самостојни професии кои имаат редовна исплата на плата; лицата кои остваруваат редовен приход од продажба на млеко; пензионерите со пензии домашни и странски; штедачите со орочени влогови; корисниците на потрошувачки кредит.

За клиентите, пак, кои согласно кредитната способност остваруваат право на поголем лимит, СТББТ  одобрува парична картичка од брендот Visa Gold.

Кредитниот лимит е до 100.000 денари. Зависи од кредитната способност на барателот и од неговата кредина историја. Како и од понуденото обезбедување, што значи – до пет плати за ВИП клиенти, до три плати за редовно вработени, до две пензии за пензионери и до еден месечен приход за вработени на определеновреме, за приматели на технолошки вишок и на додаток за трето или четврто дете.