Во новата година, со нова промотивна понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка ги фиксираше каматните стапки за станбен и потрошувачки кредит на пониско ниво, обезбедувајќи ја финансиската сигурност на клиентите.
Во рамките на новата промотивна понуда, Шпаркасе Банка ја намали и фиксира каматната стапка за Станбен кредит од 3,8% на 3,69% за првите десет години, со можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400 000 евра и без нотарски трошоци, како и на Потрошувачки кредит од 5,85% на 5,5% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1 500 000 денари, со вклучено кредитно животно осигурување.
Со промотивната понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка обезбедува стабилност и финансиска предвидливост за клиентите, овозможувајќи им со сигурност да ги планираат идните трошоци или долгорочни цели.