Започна нова кампања на НЛБ Банка Скопје со промотивни услови на сите кредити за физички лица.
Сите физички лица кои во периoдот од 1 до 29 февруари ќе аплицираат за потрошувачки, станбен, хипотекарен или автомобилски кредит преку НЛБ Банка, ќе можат да ја искористат поволноста и да ги добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.
Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.