Ваучери од 18.000 денари за одмор за работници со ниски примања

Министерството за економија ќе додели 3.555 ваучери во вредност од 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети на работниците со ниски примања.

Тие кои аплицираат за ваучер мора да имаат нето-приход помал од 50.000 денари. Потврдата за ваучерот ќе може да се користи во период надвор од сезоната, од моментот на добивање до 30 јуни и од 15 септември до 1 декември годинава.

Изборот на објектот во кој ќе се користи ваучерот се прави на посебен список на туристички и хотелски капацитети објавен од Министерството за економија.
Огласот за ваучерите ќе биде објавен во текот на денешниот ден, а работниците со ниски примања може да се пријават и да добијат можност за заслужен одмор на државна сметка.