Finish таблети може да те чинат 6 денари една, но и 16,18 денари една – дознај каде се најевтини

Една таблета Finish за машинско миење садови може да те чини 6 денари, но може да ја платиш и 16,18 денари.
Зависи каде ќе одлучиш да го купиш овој популарен производ што секојдневно го користиш во твојата кујна.
Твои пари.мк утрово истражуваше каде се најевтини таблетите Finish за машини за миење садови.
Посетивме 4 маркети и еве што откривме:

-КАМ маркети – Finish 70/1 за 425 ден.
-Рептил маркети – Finish 85/1 за 825 ден.
-Веро маркети – Finish 85/1 за 1.369 ден.
-Рамстор маркети – Finish 85/1 за 1.375 ден.

Доколку купиш Finish таблети во КАМ, една ќе те чини 6 денари, во Рептил ќе ја платиш 9,7 денари, во Веро 16,10 денари, а во Рамстор 16,18 денари.

Искористи ја можноста за паметно пазарење!