8 едноставни начини да заштедите пари

Штедењето секогаш е голем, но вреден предизвик. Најтешката работа е всушност да започнете со штедење. Полесно е да штедите кога имате план.

Следете ги следниве чекори за да направите ефикасен план за штедење. Овој чекор-по-чекор водич може да ви помогне да развиете едноставна и остварлива стратегија за да можете да си обезбедите заштеда за многу ваши краткорочни и долгорочни цели.

1. Запишете ги вашите трошоци

За да почнете да штедите пари важно е да знаете колку трошите. Следете ги сите трошоци – кафе, ручек, бакшиш, супермаркети, редовни месечни сметки.Запишете ги трошоците како што ви е најлесно на хартија или во табела за следење на трошоците. Организирајте ги по категории и соберете ја секоја сума. Користете ги банкарските известувања и изводи за да бидете сигурни дека сте вклучиле сè.

2. Вклучете штедење во вашиот буџет

Сега можете да започнете да креирате буџет. Тој треба да покаже како стојат трошоците во однос на приходите за да можете да ги планирате и да го ограничите прекумерното трошење. Не ги заборавајте еднократните трошоциодржувањето и регистрацијата на автомобилот, данок на имот, осигурување, редовни здравствени прегледи и друго.

Вклучете категорија за штедење во вашиот буџет и ставете сума што ќе ви биде прифатлива. Почнете со 10% и стигнете до 15%-20% од вашиот приход.

3. Најдете начин да ги намалите трошоците

Ако не можете да заштедите колку што сакате, можеби е време да ги намалите трошоците. Откријте ги несуштинските работи (пр. забава и вечера надвор) и трошете помалку за нив. Пробајте да заштедите и на фиксните месечни трошоци, како што сметката за струја или мобилен телефон. Откажете ги претплатите и членствата што не ги користите. Преиспитајте ги трошоците за јадење надвор наспроти готвење дома. Почекајте пред да купите – по неколку дена можеби ќе сфатите дека тоа е нешто што и не ви треба.

4. Поставете цели за штедење

Почнете да размислувате за тоа за кое сакате да заштедите – на краток рок (1-3 години) и на долг рок (4+ години). Проценете колку пари ќе ви требаат за одмор или автомобил или пак за стан или образование на вашето дете, и за колку време може да ги заштедите.

Поставете си мала, остварлива краткорочна цел за нешто што ви прави задоволство, а го надминува вашиот месечен буџет (пр. нов смартфон). Постигнувањето помали цели и уживањето во наградата може да ви биде психолошки поттик за стекнување навика за штедење.

5. Одредете си ги финансиските приоритети

Вашите цели најверојатно ќе имаат најголемо влијание врз штедењето. Ако знаете дека ќе треба да го замените автомобилот во блиска иднина, може да започнете да тргате пари уште веднаш. Но, не заборавајте ги долгорочните цели – важно е да планирате буџет и за образование на вашите деца или за пензионирање.

6. Изберете ги вистинските алатки

Има многу начини за штедење и инвестирањеци и добро е да изберете различни. Разгледајте гивнимателно за да видите колкави се минималниот влог, надоместоците, каматните стапки, ризикот и ликвидноста.

Штедење во банка – преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, сами го креирате штедниот производ што најмногу ви одговара. Депозитите во една банка се осигурени во Фондот за осигурување на депозити во износ до 30.000 евра. Ризикот е најмал, но и приносот.

Хартии од вредност (акции и обврзници) – овие инвестициски производи се достапни преку инвестициски сметки кај брокер-дилер. Ризикот е поголем, но може да остварат и добар принос.

Инвестициски и пензиски фондови – вашиот влог го оплодуваат инвестициски стручњаци, а вредноста на вашата инвестиција може да ја следите на дневно ниво. Ризикот исто така е поголем и зависи од случувањата на домашната и на странските берзи, но има можност и за поголем принос.

7. Штедењето нека ви биде автоматско  

Веднаш штом ја добиете платата, префрлете ги парите за штедење на соодветната сметка. Предност: нема да мора да мислите потоа и помалку е веројатно да ги потрошите парите. Користете и бонуси и кешбек накредитни картички и други можности што ги нудат банките, како заокружување сметка и префрлање на разликата на штедна или инвестициска сметка.

8. Следете како растат вашите заштеди

Прегледувајте го буџетот редовно и следете го вашиот напредок секој месец. Тоа ќе ви помогне не само да се придржувате до вашиот личен план за штедење, туку и брзо да ги идентификувате и поправите проблемите. Кога ќе сфатите како заштедувате пари, може да се инспирирате и за други начини за штедење и постигнување на вашите цели.