УНИ банка АД Скопје ја намали каматната стапка на потрошувачкиот кредит до 1.500.000 денари, кој сега е со фиксна камата од 5,3% за првите две години и 7,3% за останатиот период. Потрошувачкиот кредит е со вклучена полиса за ризико осигурување на живот, каде е вклучено и осигурително покритие од ковид-19 за заштита на семејството и посигурна иднина.
Потрошувачкиот кредит е без трошоци за аплицирање и без жирант. Доколку правите рефинансирање од друга банка или финансиско друштво кредитот е без трошоци за одобрување, a со аплицирање онлајн добивате и бонус од 1000 денари, велат од Уни банка.
Истовремено, сите кои ќе аплицираат за потрошувачкиот кредит од УНИ банка добиваат можност за кредитна картичка и дозволено пречекорување.
Нема скриени трошоци, постапката е транспарента, а одговорот е за само 30 минути.
Може да аплицирате онлајн или во експозитура, само со лична карта.