Која банка дава потрошувачки кредит со најповолни услови?

Пролетта е убав период за шетање или уредување на домот. Поголемите задоволства обично бараат повеќе пари и често те тераат да размислуваш за потрошувачки кредит како опција.

Која банка нуди најповолни услови?

Шпаркасе банка нуди 5,5% фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, кој може да биде до 95 месеци.

ТТК банка има кредит со 5% фиксна каматна стапка за првите 2 години и 7,13% променлива за останат период. Рокот на отплата е до 120 месеци.

Уни банка има потрошувачки кредити со каматна стапка од 5,3% до 5,8% фиксна за првите 2 години, рок на отплата до 95 месеци и за рефинансирање кредит од друга банка без трошоци за одобрување и бонус од 1.000 денари.

Стопанска банка Скопје има потрошувачки кредит со камата од 5,80% до 6% фиксна за првите 2 години и променлива од 10,24% до 11,89% за останатиот период на отплата, кој може да биде до 120 месеци.

Халк банка нуди потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка за 2 години од 5,9% и променлива од 8,3% за останат период. Рокот на отплата е до 120 месеци и нема трошоци за предвремена отплата.

Комерцијална банка има потрошувачки кредит со камата од 6,185%, кој е со рок на отплата до 95 месеци и без провизија за предвремена отплата.

НЛБ банка нуди потрошувачки кредити со камати од 7,13% до 9,13% со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување и за предвремена отплата.

Стопанска банка Битола во моментот има најмалку поволни услови на питрошувачкиот кредит, со фиксна камата од 7,30% до 7,90% фиксна за првата година и 12,3% променлива за останат период со рок на отплата до 120 месеци.