Повторно се променија условите на потрошувачките кредити што ги нудат различни банки во земјава.
После 1 март еве која банка нуди најповолни услови:
Халк банка се искачи на прво место со понудата на потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,4% на 10 години. Рокот на отплата е до 120 месеци и нема трошоци за предвремена отплата.
Шпаркасе банка сега нуди 5,7% фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, кој може да биде до 95 месеци.
ТТК банка има кредит со 5% фиксна каматна стапка за првите 2 години и 7,33% променлива за останат период. Рокот на отплата е до 120 месеци.
Уни банка има потрошувачки кредити со каматна стапка од 5,3% до 5,8% фиксна за првите 2 години, рок на отплата до 95 месеци и за рефинансирање кредит од друга банка без трошоци за одобрување и бонус од 1.000 денари.
Стопанска банка Скопје има потрошувачки кредит со камата од 5,80% до 6% фиксна за првите 2 години и променлива од 10,24% до 11,89% за останатиот период на отплата, кој може да биде до 120 месеци.
Комерцијална банка има потрошувачки кредит со камата од 6,185%, кој е со рок на отплата до 95 месеци и без провизија за предвремена отплата.
НЛБ банка нуди потрошувачки кредити со камати од 7,17% до 9,17% со рок на отплата до 120 месеци и без трошоци за одобрување и за предвремена отплата.
Стопанска банка Битола нуди потрошувачки кредит со фиксна камата од 7,30% до 7,90% фиксна за првата година и 12,3% променлива за останат период со рок на отплата до 120 месеци.