Секој месец плаќаш за одржување на твојата платежна сметка во банка. Висината на овој месечен трошок зависи од тоа во која банка имаш отворено платежна сметка и колку ја користиш.
Најевтино е одржувањето на платежна сметка во Халк и во Капитал банка – 30 денари месечно.
Комерцијална банка за оваа услуга наплаќаат од 25 до 35 денари зависно од месечниот промет што ќе го имаш.
Стопанска банка Скопје месечно наплаќа од 30 до 40 денари.
Шпаркасе банка наплаќа 39 денари за денарска и 37 денари за девизна сметка.
НЛБ банка наплаќа 40 денари за промет во денари над 500 денари и 30 денари за девизен промет во вредност над 500 денари.
Стопанска банка Битола месечно за одржување на платежна сметка наплаќа 40 денари.
Силк роуд, Централна кооперативна и ТТК банка месечно наплаќаат по 60 денари.
Во Прокредит банка твојата платежна сметка месечно ќе те чини 60 денари.
Во УНИ банка за одржување платежна сметка месечно ќе плаќаш 149 денари.
Податоците се јавно достапни на веб- страницата на Народната банка на Македонија nbrm.mk.