Дали планирате да патувате за Велигден и 1 Мај со авион, а се уште немаш купено билет?
Цените на авиобилетите од Скопје во тој период се исклучително високи. Затоа направивме мало истражување за да провериме како се движат цените на нискобуџетните авиокомпании на околните аеродроми споредено со домашните.
Земавме 4 града до кои има директен лет од Скопје и го опфативме периодот од 30 април до 6 мај, зависно од расположивите денови на летање.
Рим – најевтино е да се лета со Визер ер од Тирана. Повратен билет за едно лице чини 45 евра. Следна опција е со Рајан ер од Тирана за 76 евра. Истиот билет од Скопје со Визер чини 200 евра, од Софија со Рајан ер 133 евра, а со Визер 322 евра. Билетот од Белград со Визер чини 154 евра.
Париз – најевтин е повратниот билет од Тирана со Рајан ер по цена од 119 евра и до Визер за 120 евра. Следува Софија со лет на Рајан ер по цена од 148 евра и Белград со Визер за 166 евра. Летот во двата правци преку Скопје чини 191 евро, а преку Софија со Визер дури 400 евра.
Ајндховен – за изненадување најевтино е да се лета од Скопје до Визер по цена на повратен билет од 96 евра. Летот преку Тирана со Визер чини 130 евра, преку Софија со Визер е 145 евра, а со Рајан ер чини 168 евра. Најскапо е преку Белград со Визер – 190 евра.
Копенхаген – најевтина опција е Софија со Рајан ер – 91 евро. Летот од Скопје со Визер чини 119 евра, преку Софија со Визер е 135 евра, а преку Белград 134 евра.
Секако на овие цени треба да се додадат и трошоците за транспорт до околните аеродроми.