Колку чини да префрлиш пари во странство преку шалтер во банка?

 

Ако имаш потреба да префрлиш пари во странство преку банка, за оваа трансакција може да платиш 850 денари, но и 3.000 денари, зависно која банка ќе ја избереш.

Услугата кредитен трансфер на евра во странство преку шалтер, банките во земјава ја наплаќаат различно, при што висината на трошокот зависи и од тоа колку пари префрлаш. Трошокот најчесто е изразен како процент од износот на трансферот, но предвидени се и минимален и максимален надоместок.

Направивме пресметка и споредба на надоместокот за износ од 1.000 евра.

Притоа добро е да знаеш дека трошоците за трансферот може да ги платиш сам доколку се одлучиш за опцијата OUR или да ги поделиш сопримачот доколку се одлучиш за опција SHARE.

 

Трошок за кредитен трансфер на 1.000 евра преку шалтер во банка (на товар на плаќачот)

ТТК банка – 850 денари

Комерцијална банка 1.150 денари

Стопанска банка Скопје – околу 1.280 денари

Стопанска банка Битола – 22 евра (околу 1.350 денари)

НЛБ банка – 1.500 денари

УНИ банка – околу 1.520 денари

Халк банка – околу 1.530 денари

Силк роуд банка – 1.900 денари

Централна кооперативна банка – 2.300 денари

Шпаркасе банка – 2.300 денари

Прокредит банка – 49 евра (околу 3.000 денари)

Капитал банка – 550 денари + странски надоместок (не е наведен во тарифата)

 

Пресметката е направена врз основа на надоместоците за оваа услуга што ги имаат објавено банките преку веб-страницата на Народната банка.

Банките најчесто имаат утврдено минимален и максимален износ на надоместок за одредена трансакција, но и процентуален надоместок кој зависи од висината на сумата што се трансферира.

Во секој случај, секој што има потреба да врши трансфер на пари во странство, независно за колкава сума станува збор, треба добро да се информира за тарифите на банките затоа што цената што ќе ја плати за оваа услуга може да биде многу различна.