Вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка е вистински партнер на вашиот бизнис затоа што повторно ви овозможува бесплатна уплата на дневен промет на банкомат.
Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30.09.2024 година за да извршите бесплатно уплата на дневен промет на cash-in банкоматите на Банката.
За уплата на дневен промет имате на располагање 72 cash-in банкомати на Банката низ земјава. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти. Уплатата веднаш се евидентира на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.
Услугата е особено погодна за динамични микро и мали бизниси затоа што штеди и време и пари.
За локацијата на банкоматите на Комерцијална банка отворете го следниот линк.
За сите погодности што ги овозможува Visa Business Debit за вашиот бизнис дознајте на следниот линк.