Речиси секој граѓанин што прима плата преку банка поседува и дебитна картичка од палетата на Visa или Mastercard. Дебитната картичка освен што ти служи за повлекување пари од банкомат и за плаќање во трговија или онлајн, ти носи и редица други бенефиции, како што се попусти, cash back (поврат на средства), привилегии при патување со авион и други привилегии.
Сите овие привилегии и бенефиции треба да ги имаш на ум и да ги користиш затоа што значат заштеда на пари и време.
Ги презентираме поволностите и привилегиите што ти ги нудат дебитните картички на Mastercard, кои ги издаваат банките во земјава. Сите информации се обезбедени од официјалните веб-страници на банките.
Комерцијална банка
Mastercard Debit:
- повлекување готовина без провизија на банкоматите на Комерцијална банка,
- плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати без камата,
- без годишна членарина со годишен промет во трговија на 30.000 денари или ако примаш плата преку Комерцијална банка.
Debit Mastercard World:
- повлекување готовина без провизија на банкоматите на Комерцијална банка,
- плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата,
- без годишна членарина со годишен промет во трговија над 80.000 денари или ако примаш плата преку Комерцијална банка,
- поврат на средства (cash-back) 0,2% од остварен промет во трговија до 10.000 денари месечно користење на Mastercard® Airport Security Fast Track услугата, овозможена од Dragon Pass на повеќе од 70 аеродроми низ светот или 0,4% од остварен промет во трговија над 10.000 денари месечно,
- ексклузивен пристап и бесплатни услуги за сопственикот и уште придружник во деловните зони на аеродромите во Скопје, Виена, Белград, Истанбул, и Софија со LoungeKey од Mastercard,
- користење на услугата Mastercard® Airport Security Fast Track, овозможена од Dragon Pass на повеќе од 70 аеродроми низ светот,
- поволности за роаминг со Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam во над д 200 земји, која вклучува: бесплатен роаминг 3 пати во годината по 1 GB во период 5 дена;15% попуст на сите дополнителни пакети доколку се активираат директно преку Flexiroam. Услугата е достапна до 31.12.2024 година.
Стопанска банка Скопје
Mastercard Go:
- бесплатна за клиенти до 28 години, а за клиенти над 28 години – 150 денари членарина за првата година и можност за ослободување со годишен промет во трговија од 40.000 денари,
- без провизија за подигање готовина од банкоматите на Стопанска банка, а за подигање готовина од друг банкомат во земјава денарската сметка се задолжува со провизија од 100 денари + 2% од подигнатиот износ. За подигање готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 150 денари + 2% од подигнатиот износ,
- без провизија за плаќање во трговската мрежа.
Mastercard Topsi:
- бесплатна за клиенти до 28 години, а за клиенти над 28 години – 150 денари членарина за првата година и можност за ослободување со годишен промет во трговија од 30.000 денари,
- без провизија за подигање готовина од банкоматите на Стопанска банка, а за подигање готовина од друг банкомат во земјава денарската сметка се задолжува со провизија од 100 денари + 2% од подигнатиот износ. За подигање готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 150 денари + 2% од подигнатиот износ,
- без провизија за плаќање во трговската мрежа.
НЛБ банка
Mastercard Debit Contactless:
- можност за плаќање на 3 рати без камата за износи над 1.500 денари и на 6 рати за износи над 6.000 денари,
- подигање готовина без провизија и бесплатна проверка на состојба на банкоматите на НЛБ Банка и на банкоматите на НЛБ Групацијата во Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Халк банка
Mastercard Debit Contactless:
- подигање готовина од сите банкомати во земјава без надомест за сите приматели на плата/пензија во Халкбанк, а за останати клиенти провизија од 3%, односно минимум 200 денари,
- подигање готовина од банкомати во други земјава со провизија од 3%, односно минимум 200 денари,
- без надомест за изработка на основна картичка за приматели на плата/ пензија во Халкбанк, а надомест од 300 денари за останати клиенти
- без годишна членарина за првата година, а за секоја наредна година годишна членарина од 200 денари за приматели на плата/пензија преку Халкбанк и 300 денари за останати клиенти.
Шпаркасе банка
Mastercard Debit Contactless и Mastercard Gold Debit:
- повлекување готовина без провизија на банкоматите на Шпаркасе банка,
- повлекување готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во следните земји: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија),
- повлекување средства со провизија насекаде низ светот на банкоматите со ознака Mastercard.
Прокредит банка
Mastercard Debit:
- бесплатна уплата и исплата на готовина во 24/7 зоните на Прокредит банка,
- 3 пати месечно бесплатни исплати на готовина од банкомати на други банки во земјата.
УНИ банка
Mastercard Debit:
- Издавање со сметка во МКД, ЕУР или УСД,
- 3D Secure заштита при плаќање на Интернет,
- 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот,
- Нарачки и плаќање на Интернет.
Mastercard Debit за млади:
- наменета за тинејџери и млади на возраст од 15 до 25 години,
- бесплатно издавање за млади заедно со бесплатна бесконтактна стикер картичка со која може да се плаќа насекаде, како и дополнителен пакет на услуги.
Стопанска банка Битола
Mastercard Debit:
- месечен надомест за цел период на важење на картичка во износ од 25 денари.
- можност за одбрување лимит во висина од 3 месечни плати кои сопственикот може да ги користи на ПОС и АТМ без провизија,
- можност за одобрување лимит во висина од 2 месечни плати за подигање готовина на 3, 6, 9 и 12 рати без камата (со провизија) на шалтерите на банката. За подигање средства на повеќе од 12 рати (15, 18, 21 или 24) дополнително се пресметува променлива камата од 9,50%,
- дозволено пречекорување со или без ризико полиса: до 3 плати за редовно вработени, до 2 пензии за пензионери, до 1 месечен приход за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3-то или 4-то дете,
- подигање готовина без провизија од банкоматите и шалтерите на Банката,
- подигање готовина од банкомати на друга банка со провизија од 2,5%, минимум 250 денари
- административен трошок за одобрување без ризико полиса – 300 денари за лимити до 60.000 денари, 600 денари за лимити над 60.001 денар.
- административен трошок за одобрување за дозволено пречекорување со ризико полиса – 300 денари за лимити до 60.000 денари, 600 денари за лимити од 60.001 денар до 160.000 денари, 1.200 денари за лимити од 160.001 денар до 300.000 денари, 2.400 денари за лимити од 300.001 денар до 600.000 денари.
ТТК банка
Mastercard Debit:
- без членарина во првата година,
- бесконтактно плаќање без провизија на ПОС терминали во земјата и во странство,
- можност за плаќање на рати за безготовински трансакции – од 1.500 денари до 6.000 денари на 3 рати без надоместок; над 6.000 денари на 6 рати без надоместок.
Централна кооперативна банка
Mastercard Debit:
- без провизија за плаќање на сите продажни места,
- без надомест за издавање на картичката,
- без месечен надомест за цело времетраење на важноста на картичката.
Mastercard Debit World:
- без провизија за плаќање на сите продажни места,
- без надомест за издавање на картичката,
- без месечен надомест за цело времетраење на важноста на картичката,
- членство во LoungeKey програмата со пристап во над 1.100 деловни зони на аеродроми во светот. За секоја посета на LoungeKey зона, Банката наплатува согласно Тарифникот на Mastercard,
- можност за бесплатен пристап и бесплатно користење на услугите во деловните зони, заедно со уште еден гостин, на меѓународните аеродроми во Скопје, Виена, Белград, Истанбул и Софија.
- можност за користење Интернет пристап на повеќе од 1 милион hotspot локации низ светот (аеродроми, авиони, хотели, ресторани, кафетерии, спортски сали), на најмногу четири уреди, вклучувајќи мобилни телефони, таблети и лаптопи без дополнителни трошоци или роаминг,
- можност за брзо движење без чекање ред на повеќе од 70 аеродроми низ светот со Mastercard® Airport Security Fast Track, услуга овозможена од Dragon Pass.
Капитал банка
Mastercard Debit:
- без годишна чланарина,
- се добива брзо и лесно, без жиранти, меници, потврди и без задолжителен депозит,
- купување во трговија без провизија, во земјата и низ светот на сите места каде стои ознака на MasterCard Debit, во висина на расположливите средства на твојата трансакциска сметка,
- можност за подигање готовина на банкоматите на Капитал банка и на УНИ банка.