Кредитните картички, иако може да бидат многу скапи, секако се еден од најпопуларните банкарски производи. Со сигурност може да се каже дека овој вид картички го користат милиони луѓе низ светот.
Еве неколку корисни совети кои може да ти помогнат твојата кредитна картичка да не отиде во црвено?
Автор на овие совети е Рамит Сети, милионер и писател на американскиот бестселер „Ќе те научам како да бидеш богат“. Овој писател смета дека 90% од луѓето не знаат колку должат на кредитни картички, а дури 95% не знаат ни како можат да го отплатат долгот и како да ги вратат тие пари.
Иако се ова делува прилично загрижувачки од аспект на личните финансии, Рамит Сети предлага решение во три чекори.
Значи ако имаш долгови по основ на кредитни картички, внимателно прочитај ги следните совети. Дознај колку точно должиш.
Првиот чекор е најдобро да биде да ја контактираш банката и да побараш точен износ колку должиш на твојата крдитна картичка на денешен ден. Кога пред себе ќе ја имаш таа сума, полесно ќе направиш план како да се решиш од долгот.
Направи план за отплата
За ова може да ти помогнат различни онлајн калкулатори. Со помош на нив можеш да одредиш точен датум кога ќе го отплатиш долгот. Врз основа на тоа ќе можеш да одредиш колку пари можеш месечно да одвоиш за таа намена.
Автоматизација на плаќањето е клучна работа
Таа ќе ти помогне да не размислуваш толку за отплатата на долгот затоа што технологијата ќе ја одработи работата за тебе. Штом на почетокот од месецот ти легне платата на сметка, банката ќе повлече износ на пари за долг на картичката и ти си ја завршил работата за тој месец што се однесува до долговите.