Mastercard и УНИБанка со наградна игра за патување во Куба

“СоMastercard од УНИБанка, ја имаш Куба на дланка!” е новата наградна игра што ја започна УНИ банка.

УНИБанка за своите корисници ќе додели 5 патувања за двајца на Куба, како и 5 златни плочки.

Во периодот од 01 април до 30 јуни, доколку имате кредитни или дебитни Mastercardкартички од УНИБанка, или ако извадите новаMastercard картичка, и направите 10 трансакции месечно, во секој од трите месеци додека трае наградната игрa, станувате потенцијален добитник на патување за двајца во Куба, како и можност да добиете златна плочка.
Веројатноста овие Карипски острови да бидат достижни за вас, се зголемува со секои нови 10 трансакции следниот месец независно дали тоа ќе го направите на продажните места или во електронската трговија (плаќања на интернет) во земјата.
Можност за учество во наградната игра има секое физичко лице со или над 18 години и е корисник на Mastercard картичките од УНИБанка.

И 5-те златни плочки не се ништо помалку примамливи. Станува збор за плочки кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои имаат извонредна историска и културната вредност, чија вредност постојано расте, а УНИБанка е единственaта банка која во своето продажно портфолио има продукт инвестициско злато.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 17.07.2024 година во 15.00 часот, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.
Сите дополнителни информации можете да ги прочитате на www.unibank.mk.