50% намалување на цените на основните здравствени услуги понуди клиничката болница Аџибадем Систина по повод прославата на 14. роденден.
По повод роденденот, на сите пациенти што сакаат да направат превентивен кардиолошки или гинеколошки преглед, лабораториска анализа или радиолошко снимање во функција на заштита на сопственото здравје, во следните три месеци ќе им овозможи викенд промоции со 50% попуст.
За време на викендот од 8 до 20 часот, дел од лабораториски анализи ќе бидат намалени за 50%, а добиените резултати можат бесплатно да бидат интерпретирани од страна на одговорно стручно лице во некоја од амбулантите од Дијагностички лаборатории, секој работен ден од 8 до 16 часот.
На Одделот за кардиологија во сабота и недела во периодот од 10 до 16 часот промотивно ги намали цените на 7 сеопфатни кардиолошки пакети, кои содржат кардиолошки услуги што гарантираат комплетна заштита на здравјето на срцето, кардиолошка превенција, но и прецизно и навремено детектирање на секој кардиолошки проблем.
Во зависност од здравствената состојба на пациентот и препораката од кардиологот, пациентот добива преглед од специјалист кардиолог, ЕКГ, ехо, коронарен стрес-тест или доплер.
На Одделот за гинекологија секоја сабота од 10 до 16 часот можете да искористите 50% попуст за два понудени гинеколошки пакети. Првиот пакет опфаќа ултразвучен преглед, ПАП-тест и здравствено советување. Вториот пакет се состои од ултразвучен преглед со здравствено советување.
На Одделот за радиологија, за време на викендите во следните три месеци активни ќе бидат следниве попусти: секоја сабота во периодот од 9 до 16 часот снимањето на магнетна резонанца со 1.5 и 3 Tesla и секоја недела во истиот период пациентите на овој оддел можат да направат мамографија, рендген-снимање или компјутерска томографија.
Сите попусти можат да се искористат со претходно резервирање термин најдоцна до петок до 15 часот, на телефонот 02 30 99 500 или на callcenter@acibademsistina.mk