Дали сте подготвени за Велигденски шопинг?

Доаѓа Велигден, а со тоа и задолжителниот шопинг. Цените сигурно нема да те одушеват, но возбудата тешко ќе ја контролираш. Дали си подготвен за рационално однесување и избегнување на претерано купување работи кои и не ти требаат?

Психологијата на купување за време на празници има многу скриени фактори кои влијаат на твојот избор – да купиш или не.

Емоциите имаат многу голема улога. Велигден побудува среќа, носталгија, радост.  Трговците рачунаат на твоите емоции и затоа ги украсуваат продавниците, пуштаат музика… Стимулираат позитивни емоции и купување без рационално размислување.

Соседите не мора да ги копираш. Нивното однесување не треба да влијае на твоето. Трговците знаат дека одиш на шопинг затоа што ги следиш другите и стратешки промовираат ограничена понуда за да те натераат веднаш да купуваш.

Попусти и акции се тие кои те мамат, поттикнуваат лачење на допамин и побудуваат чувство на добра зделка. Тие те тераат импулсивно да купуваш, дури и работи кои не ти се потребни.

Чувство дека нешто ти фали е особено присутно за време на празници. Тоа те тера да купуваш брзо и непромислено и да правиш непотребни залихи, па дури и да дуплираш производи.

Рекламите се навистина привлечни. Трговците трошат многу пари на маркетинг за време на празниците за да побудат емоции и да ги поврзат нивните производи со твоите емоции.

Онлајн шопинг затоа што конечно имаш слободно време. Онлајн шопингот е особено изразен за време на празници и трговците го користат тоа со пуштање реклами кои те напаѓаат преку социјалните мрежи и веб портали. Удобноста на фотелјата не мора да ја користиш само за шопинг.

Имај ги на ум сите овие фактори пред да тргнеш во Велигденски шопинг. И секако уживај во шопингот и во празниците затоа што среќата сепак е убава работа.