Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денари за литар и ќе изнесуваат по 76 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, се зголемува за еден денар за литар и ќе изнесува 87,5 денари за литар, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе биде 90 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,252 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,554 денари.