Кога се слават празници, кујната е едно од најпосетените места во домот. Тоа значи и екстра потрошувачка на средства за миење садови.
Направивме анализа на цените на детергентите за машинско и рачно миење садови во неколку маркети.
Што покажа таа?
Finish таблети 85/1 најевтини се во Рептил – 895 денари. Во Тинекс чинат 1.451 денар, а во Рамстор се 1.645 денари.
Finish ultimate 74/1 во Веро само уште денеска се продаваат по намалена цена од 799 денари.
Fairy таблети 84/1 најевтини се во Рамстор – 845 денари. Во Рептил чинат 1.209 денари, а во Тинекс 1.290 денари.
Има големи разлики и кај цените на течните детергенти за рачно миење садови.
Fairy течен 800 мл. е најевтин во Веро и чини 145 денари, додека во КАМ е 149 денари, а во Рептил чини 169 денари.
Овој детергент од 900 мл. во Рамстор чини 199 денари, а во Тинекс 225 денари.
Tipso течен 900 мл. во Рептил се продава по цена од 75 денари, во Веро и во Рамстор чини 99 денари, а во Тинекс е 103 денари.
Gloss течен 1 л. во Тинекс е дефинитивно најевтин – 99 денари, во Веро е 115 денари, а во Рептил е 119 денари.
Mer течен 750 мл. е најевтин во Рамстор со цена од 85 денари. Во Рептил има цена од 102 денари, а во Веро од 125 денари.
Направете добар избор и заштедете пари. Секоја заштеда ве прави финансиски посреќни и помоќни.