Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар по литар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Според образложението, промената на цените е поради минималното намалување на референтните цени на светските нафтени берзи за бензините и дизелот. Единствено зголемување на берзанските цени е регистрирано за мазутот.
Дополнително влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар кој во периодот кога се формирани објавените цени е понизок за 0,166%.