Трошоците за живот на граѓаните во април се зголемени за 4% во однос на истиот месец лани.
Најмногу поскапеа здравствените и угостителските услуги, но голем раст бележат и цените на храната и алкохолните пијалаци.
Услугите во здравството сега ги плаќате за 5,5% поскапо.
Трошоците за ручек, пијачка или кафе во ресторан и за престој во хотел во земјава се повисоки за дури 6,2%.
Алкохолот ве чини 5,8% поскапо, а храната и другите пијалоци 4,7%.
Повеќе ќе платите и ако сакате да се подновите со облека или обувки и тоа за 3,2%.
Според Државниот завод за статистика, намалени се само трошоците за образование, за 0,6%.
Кога станува збор за храната, за една година најмногу поскапело овошјето, дури 26,4%. Зеленчукот е поскап за 12,7%, чоколадите и другите кондиторски производи за 6,7%, а рибата за 4,7%.
Поправките и реновирањето на домот ќе ве чини 13,8% поскапо, а разубавувањето на дворот до цвеќиња 11,7% поскапо.
За одење на одмор планирајте за 9,2% поголеми трошоци. А, за одење на фризер очекувајте за 8,4% повисоки цени.